Алегри: Се договорив со Реал, а следниот ден им откажав поради Јувентус

210

По заминувањето на Зинедин Зидан, клупата на Реал Мадрид требаше да ја преземе Макс Алегри. Сега на клупата е Карло Анчелоти, а тоа место требало да го добие Алегри меѓутоа тој откажал поради Јувентус, па така Дон Карло го презема кормилото на „кралскиот клуб“.

Веќе имав договор со Реал Мадрид минатата година. Тоа беше завршена работа. Но Јувентус ми се јави и брзо се сменија работите. Следниот ден му се јавив на Флорентино Перез и му реков: „Жалам но не доаѓам. Ќе одам во Јувентус“, откри Алегри.

Тој се врати во Торино откако „Старата дама“ ја напушти во 2019 година.

Не жалам за тоа. Ќе беше убаво да бидам тренер на Реал после Милан и Јувентус, меѓутоа не можете да имате се во животот“, додаде Алегри.

ПретходноМитревски и Порто ремизираа со Монпеље
СледноПројковска го судеше мечот Волфсбург – Арсенал во ЛШ