Брегалница – Ренова се игра на ФФМ!

1691

Неделниот натпревар од 25.коло во ПМФЛ меѓу Брегалница и Ренова е закажан да се игра на стадионот на Фудбалската федерација во Скопје. Причината е, барем според нашите информации, лошиот терен на стадионот во Штип, па така раководството на Брегалница побарало од ФФМ овој натпревар да се игра на ФФМ. Барањето е прифатено, само сеуште не е дефинирано дали само овој натпревар Брегалница како домаќин ќе го игра надвор од Штип или пак и наредните во текот на продолжението од пролетниот дел во сезоната.

Ова е малку чудно, ако се знае дека теренот на стадионот во Штип во последно време барем во неколку наврати се реконструираше, и пак е во очајна ситуација.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев “главен“ на Арената, Качевски ќе суди на Чаир…
СледноРеал (М) или Манчестер Сити? Халанд веќе одлучил каде се сели ова лето!