Веспрем го демолираше Вардар во првиот 1/8 финален дуел (ФОТО)

203

Вардар 1961 по првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони против Веспрем има негатива од девет гола (21-30). „Црвено-црните“ беа одлични 20. минути, недоволно за да се приреди изненадување против еден противник како што е унгарскиот клуб.

По овој резултат, тешко е да се надева било кој дека „црвено-црните“ ќе можат да изборат пласман во 1/4 финалето.

Коралес со 17 одбрани, 11 интервенции во второто полувреме беше лидер кај гостите. Кај македонскиот тим, Талески остана на шест гола од првото полувреме исто колку Дибиров, Томовски запиша десет интервенции. На другата страна Нилсен имаше осум гола, Ненадиќ шест.

Македонскиот првак по водството на гостите од 0-2, одговори со серија од четири гола во низа во креација на Талески и Дибиров за 4-2. Ова беше период во кој противникот девет минути беше без гол. Во 13. минута, Вардар дојде на плус три (6-3).

Момир Илиќ повика тајм-аут, неколку минути подоцна Веспрем се разбуди, македонскиот првак „заспа“. Унгарците ја променија одбраната, лесно дојдоа до вторите плус два на овој меч (9-11) во 27 минута. Најефикасниот, Талески се обидуваше да го врати својот тим, но Веспрем поведе со 10-13 и 11-14. По нереализираниот седмерец на Дибиров, следеше казна за 11-15 на одморот.

Во првите 11 минути минути во вториот дел, Веспрем направи серија од 1-5 и дојде на највисоки 12-20. Македонскиот првак беше шест минути без постигнат гол, а имаше и и играч помалку. Избраниците на Дејвис имаа бројни грешки, имаа два зицери, згора на се, Коралес беше добар на голот.

Стоилов после 12:30 минути го постигна вториот гол за Вардар во второто полувреме за 13-20. На другата страна Иако Веспрем не искористи некоколку напади, сепак во 45. минута дојде на двоцифрени 13-23, тука беше крајот на оваа средба.

Од овој момент, гостите се опуштија, па македонскиот тим постигна четири гола и дојде на 17-24. Не се промени ништо до крајот, Вардар не успеа да дојде на разлика која ветува шанса за реванш.

ПретходноМакедонија тргнува од дома против Луксембург!
СледноСтоилов не ја губи вербата: Можеби изгледа невозможно, имаме уште една шанса!