Вардар 1961 денеска (18:45 часот) на домашен терен го пречекува Веспрем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони. Иако унгарскиот тим е фаворит на овој двомеч, сепак сите се претпазливи, а има и зошто. Македонскиот првак игра пред своите верни фанови кои треба да бидам во голем број во СЦ „Јане Сандански“, а покрај тоа кога Веспрем мислеше ќе се искачи на тронот во Европа, во финалето доби голем удар од Вардар.
Еден од најдобрите ракометари на гостинскиот тим, Петар Ненадиќ, пред мечот призна дека ќе биде тешко, ја истакна атмосферата, но и фактот дека тренер на Вардар е Давид Дејвис, екс-тренерот на неговиот тим.
„Ќе биде навистина тежок натпревар бидејќи Вардар игра многу подобро откако пристигна Дејвис, а атмосферата во Скопје секогаш е специјална. Се подготвивме за натпреварот најдобро што можевме, спремни сме и се надеваме дека можеме да славиме и во првиот натпревар“, изјави Ненадиќ.