Далас и Дончиќ си го потврдија местото во плеј-офот (ВИДЕО)

148

Далас го победи Кливленд со 120:112 и обезбеди едно од првите шест места во плеј-офот. Најдобар во победничкиот тим беше Лука Дончиќ со 35 поени, 13 асистенции и девет скока. Доријан Фини Смит постигна 28, а Џејлен Бренсон 18 поени.

Во тимот на Кливленд, кој четвртипат беше поразен во последните пет натпревари, Керис Леверт постигна 32 поени.

Кошаркарите на Денвер синоќа ја совладаа Индијана со 125:118 и ја постигнаа третата последователна победа во НБА лигата. Денвер го предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 37 поени, 13 скока и девет асистенции, кој ги погоди првите девет удари во првото полувреме, шутираше 15/19 од игра, а му недостигаше една асистенција за 20-от трипл-дабл сезонава.

Во тимот на Индијана седум играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Бади Хил со 20.

Кошаркарите на Мајами го совладаа Бостон со 106:98 и останаа во трка за првото место пред плеј-офот од Источната конференција. Џими Батлер со 24 поени беше најефикасен кај „жешките“, кај кои и Кајл Лори беше одличен со 23 поени и 8 асистенции, а Бем Адебајо постигна 17.

Мајами е прв на Истокот со 49 победи и 28 порази, а Милвоки е втор со 47/28, па понив следуваат Филаделфија 46/29 и Бостон 47/30. Откако накратко го зазеде првото место на Истокот, Бостон го претрпе вториот последователен пораз и падна на четвртото место.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Далас 112-120

Индијана – Денвер 118-125

Вашингтон – Орландо 127-110

Бостон – Мајами 98-106

Њујорк – Шарлот 114-125

Торонто – Минесота 125-102

Хјустон – Сакраменто 118-121

Оклахома – Атланта 118-136

Сан Антонио – Мемфис 111-112

Голден Стејт – Феникс 103-107

Портланд – Њу Орлеанс 107-117

ПретходноСамо уште три слободни места за настап на СП во Катар 2022
СледноМилан си даде рок: Новиот стадион мора да биде готов до 2027 година