Далиќ и Пикси: Само да не се паднеме меѓу себе (ВИДЕО)

3875

Утре во Доха, Катар, во рамките на конгресот на ФИФА, ќе е одржи и ждрепката за групите од претстојниот Мудијал во оваа земја. Истиот ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември годинава, а на него ќе учевствуваат 32 репрезентации, и тоа за последен пат, пред Мундијалот да се прошири.

Па така, на самиот настан учевствуваат селекторите на сите учеснички, а за нас, кога веќе не сме ние таму, секако дека не интересира каде и со кого ќе се паднат Србија и Хрватска.

Селекторите на овие две репрезентации, Златко Далиќ односно Драган Стојковиќ Пикси, срдечно се поздравија и си посакаа среќа на утрешниот ждреп. Секако, си посакаа да бидат во различни групи, а Далиќ да речеме призна дека сака да биде во група со домаќинот, и со некоја од африканските претстаници.

ПретходноУживаше во скопскиот пекол, знае што ги чека: Ќе биде тешко, Вардар има силен тим и полни трибини!
СледноМарка ги објави најплатените фудбалери во светот