Дејвис: Се додека математиката не е завршена, ние ќе продолжиме да се бориме!

293

И покрај големата желба, Давид Дејвис не успеа да дојде до посакуваниот резултат против „неговиот“ Веспрем. Вардар 1961 вечерва беше далеку од нивото за сензационална победа против еден фаворит како што е унгарскиот состав, на крајот беше поразен со убедливи 22-30 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони.

Шпанскиот стратег не се предава, свесен е дека Веспрем е фаворит и на втората средба, но како што доликува тој и неговите момци ќе се борат до последна минута.

„Јас работев со Момир Илиќ во Веспрем и сакам да му честитам. Се надевам ќе се среќаваме често во елитата. Сакам да им честитам на играчите за напорната работа во овие два месеци. Беше тешко, целта ни беше пласман во нокаут фазата и ја исполнивме. Се обидовме да се подготвиме за Веспрем, ама одигравме добро само 15 минути, треба да работиме уште. За два месеци тешко е да се стигне до нивото за вакви натпревари. Со додека математиката не е завршна, ние ќе продолжиме да се бориме. Благодарност до навивачите кои дојдоа во сала, за жал не успеавме да ги наградиме, „Комити“ и фановите ни пружија неверојатна поддршка“, изјави Дејвис.

Следната средба меѓу овие два тима се игра во среда.

ПретходноЛазаров: Мораме да бидеме задоволни, но истовремено и внимателни
СледноИлчо Ѓорѓиоски: Брегалница следната сезона ќе атакува на самиот врв на табелата во ПМФЛ!