Илчо Ѓорѓиоски: Брегалница следната сезона ќе атакува на самиот врв на табелата во ПМФЛ!

562

Јасно е дека амбициите на сите во Брегалница оваа пролет нема да се остварат. Штипјани ниту имаат шампионски шмек, ниту пак се кадарни барем да најават дека можат да се борат за излез во Европа. Тие кои ја знаат штипската фудбалска чаршија, знаат добро дека таа воопшто не е задоволна од резултатите на тимот предводен од Илчо Ѓорѓиоски.

А тој, во интервју за клупскиот портал покрај другото најавува битка за самиот врв на табелата во ПМФЛ во следната сезона…

Брегалница е проект кој ќе биде успешен. Го водат амбициозни луѓе кои сакаат да го видат клубот на највисоко ниво во мак – фудбалот. Овој период до крајот на оваа сезона ќе биде искористен за селектирање на тимот, можеби сите овие слабости кои сега се тука се добредојдени за да истите ги корегираме. Се со цел да видиме каде сме, и следната сезона да атакуваме на самиот врв на табелата во ПМФЛ“ посочи стратегот на Брегалница.

ПретходноДејвис: Се додека математиката не е завршена, ние ќе продолжиме да се бориме!
СледноПике за екс-претседателот на Барса: Тој е лажго и лош лидер