Како ќе изгледаат шеширите за утрешната ждрепка на групите на СП 2022?

193

Откако станаа познати 29 од 32-те учесници на СП оваа година во Катар, веќе се познати и распоредите на првите три шешири при одредувањето на групите на Мундијалот. Ждрепката е на програмата утре.

Во првиот шешир се најдоа домаќинот на турнирот Катар, заедно со Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија, Португалија. Овие репрезентации ќе бидат во улога на носители на секоја од групите.

Во вториот шешир ќе бидат сместени репрезентациите на Мексико, САД, Холандија, Данска, Германија, Уругвај, Швајцарија и Хрватска, додека третиот ќе го сочинуваат: Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Србија, Полска, Ј. Кореја и Канада.

Четвртиот шешир е некомплетен. Во него засега се Тунис, Камерун, Еквадор, Саудиска Арабија и Гана, додека останатите три учесници ќе бидат познати по интерконтиненталните квалификации каде Австралија, Перу, ОАЕ, Нов Зеланд и Костарика ќе се борат за две слободни места, а останува и едно слободно место во Европа кое ќе го пополни една од репрезентациите на Велс, Украина или Шкотска.

Според пропозициите на ФИФА, утрешната ждрепка ќе биде полудиригирана. Во иста група нема да можат да се најдат повеќе од две европски селекции, како и повеќе од една репрезентација од другите континенти. Така, Бразил и Еквадор сигурно нема да ги видиме во иста група, ниту пак САД и Канада.

ПретходноМилан си даде рок: Новиот стадион мора да биде готов до 2027 година
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев “главен“ на Арената, Качевски ќе суди на Чаир…