Аријан Адеми е еден од нашите најдобри фудбалери, веројатно и клучниот играч во средниот ред во репрезентацијата. По настапот на ЕВРО 2020, секако дека фудбалерот на Динамо Загреб посакуваше и учество со Македонија на СП во Катар.
Сепак тоа нема да се случи, по поразот во Порто од Португалија за нас зврши сонот, заврши бајката.
Па така за медиумите во Хрватска, Лавот Адеми истакна…
„Штета, бевме блиску, имавме голема шанса да одиме на Мундијалот во Катар. Бевме на чекор, но ете не успеавме. Португалија немам впечаток дека во целост не надигра, сепак заслужено победи и заслужено се пласира на СП. Останува само да жалиме“ посочи тој.
Сепак и покрај фактот дека не испишаа историја, не се пласраа на СП, Адеми рече дека и тој и неговите соиграчи се горди на се она што го направија во баражот и во квалификациите…
“Репрезентациите како нашата немаат често ваква шанса да одат на СП.Затоа и жалиме. Од друга страна ние сме горди на се она што го направивме, посебно на таа победа со Италија. Секако дека сме горди на таа еуфорија која им ја овозможивме на нашите фанови“ рече покрај другото Адеми.