Лазаров: Мораме да бидеме задоволни, но истовремено и внимателни

322

На патот кон пласман на ново Европско првенство пред македонската ракометна репрезентација стојат Португалија, Турција и Луксембруг. За место на континенталното натпреварување кое ќе се одржи во Германија во 2024 година, нашите ракометари треба да ги освојат први две места во групата 1 или пак да се меѓу трите најдобро пласирани селекции.

Кирил Лазаров вели дека имаме добри противници, треба да бидеме задоволни од групата.

„Мораме да бидеме реални и да кажеме дека сме задоволни од ждрепката..иако со нашиот менталитет и карактерни особини секогаш мораме да бидеме внимателни. Сепак, треба да лажеме дека ќе имаме фаворитска улога за пласман на ЕП во оваа група.
Медитеранските игри ќе ни послужат да испробаме и видиме играчи што би конкурирале за стартот на квалификациите, а тие се во октомври годинава.

Нашата цел е да создадеме 20-25 квалитетни репрезентативци што би можеле да одговорат на обврските во кое било време и во која било ситуација“, изјави селекторот Лазаров. 

ПретходноСтоилов не ја губи вербата: Можеби изгледа невозможно, имаме уште една шанса!
СледноДејвис: Се додека математиката не е завршена, ние ќе продолжиме да се бориме!