Претседателот на Милан, Паоло Скарони, постави краен рок за изградба на новиот стадион во соработка со Интер и им порача на локалните власти дека е подготвен да ги разгледа опциите за градба и во самиот град Милано, но и пошироко.
„Ќе направиме се што е потребно за да видиме дали конечно можеме да му го дадеме на градот најсовремениот стадион каков што заслужуваат овие два клуба. Ова не значи дека ако сè се одолговлекува уште подолго, нема да разгледуваме други опции. Претпоставувам дека проектот ќе биде завршен до сезоната 2027/2028. Ако имаме стадион како оној што го дизајниравме за Милан, ќе можеме да ги зголемиме приходите и да инвестираме повеќе во младите луѓе“, вели Скарони.