Пике за екс-претседателот на Барса: Тој е лажго и лош лидер

192

Еден од најискусните во соблекувалната на Барселона – Жерар Пике отворено го нападна поранешниот претседател на клубот Хозе Марија Бартомеу, кажа како тој и Лионел Меси биле измамени од него и го обвини за лоши лидерски способности.

Бартомеу ме излажа мене и Лео Меси. Ни кажа дека не знае ништо за Барселонагејт. Излегов да го бранам на прес-конференција, а тој знаеше дека неговата десна рака е одговорна за се. Подоцна го отпушти, но не му ја прекина платата. Тие двајца беа многу блиски и затоа ме излажа. Подоцна во едно интервју го критикував за ова, а тој ми напиша дека тоа што го кажав не е точно. Во тоа време беа донесени лоши одлуки. Бартомеу беше човек кој не знаеше да каже не, не знаеше да одбие и не се појавуваше во базата на клубот.

Играчите треба да ја завршат работата која тренерот ќе ни ја постави, но и претседателот треба да си ја заврши работата. Тоа не беше случај во негово време, а недостатокот на лидерство се прошири на сите нивоа, вклучително и на теренот. Бевме советувани од луѓе кои немаат поим за фудбал“, изјави Пике.

Бартомеу на крајот беше сменет од функцијата претседател на Барселона по гласањето недоверба, а клубот беше предводен од Жоан Лапорта, кој се врати на чело на клубот за нов мандат.

ПретходноИлчо Ѓорѓиоски: Брегалница следната сезона ќе атакува на самиот врв на табелата во ПМФЛ!
СледноМитревски и Порто ремизираа со Монпеље