Победата над Италија ни донесе скок од пет места на ФИФА листата!

560

Македонија се наоаѓа на 62.место на ФИФА листата. Ова е најновиот ранкинг кој ФИФА штотуку го објави. Тоа значи дека Македонија за овој месец има скок од пет места. Да се потсетиме дека на последното рангирање нашата најдобра фудбалска репрезентација се наоаѓаше на 67.место.

Овој скок секако дека е поради победата над Италија од 0:1 во Палермо во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар. Во случај на триумф над Португалија секако ќе бевме уште подобро пласирани на оваа престижна листа, а уште поважно ќе игравме и на СП во Катар.

Инаку Македонија сега има 1381.07 поени, доволно за 62.место на ФИФА листата.

ПретходноВардар им се врати на победите, Струмица лесно против Шкендија
СледноПрви квалфикации без Лазаров, Македонија ги чека противниците за ЕП 2024!