По 40 години: Формула 1 ќе се вози низ улиците на Лас Вегас

324

Американската престолнина на коцката, Лас Вегас ќе се врати во календарот на Формула 1 во 2023 година.

Како што потврдија сопствениците на правата на натпреварувањето, Лас Вегас почнува како дел од календарот на шампионатот за следната година. Низ улиците на градот ќе се вози ноќна трка, која ќе бид епрва која доаѓа во градот по пауза од речиси четириесет години.

Трката ќе се одвива на градска патека долга 6,12 километри со 14 свиоци. Големата награда на Лас Вегас ќе биде третата трка во САД која влегува во календарот на Ф1, по трките во Остин и Мајами. Лас Вегас последен пат беше домаќин на Гран При во Ф1 во 1981 и 1982 година.

ПретходноРакометна Битола на нозе: За еден час распродадени билетите за Нексе
СледноПрвиот човек на ПСЖ жестоко до Перез: Луѓето умираат во Украина, а ние се бориме за Супер-лига