Пројковска го судеше мечот Волфсбург – Арсенал во ЛШ

963

Македонската судијка Ивана Пројковска го судеше натпреварот меѓу Волфсбург и Арсенал во четвртфиналето од женската Лига на шампиони што вечерва се одигра на „Волксваген арена“. Нејзини асистентки беа Алмира Спахиќ од Шведска односно Поликсени Иродоту од Кипар.

Инаку Волфсбург се пласира во полуфиналето благодарение на победата од 2:0. Првиот меч во Лондон заврши 1:1.

Ова е втор меч на Пројковска оваа сезона во женската ЛШ. Првиот и беше во декември минатата година помеѓу Реал Мадрид и Житлобуд од Харков (2:0), а севкупно шести во кариерата во елитното женско клупско натпреварување. Инаку таа има судено и натпревари на младинските женски европски првенства, а сезонава судеше натпревари во квалификациите за женското СП.

ПретходноАлегри: Се договорив со Реал, а следниот ден им откажав поради Јувентус
СледноЈанис му пресуди на Бруклин, Дерозан погодуваше за историја