Македонската ракометна репрезентација ги доби имињата на противниците во квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија (10 до 18. јануари).
На патот до пласман на ново континентално натпреварување стојат: Португалија, Турција и Луксембург.
Од овој циклус за првпат ќе бидеме без Кирил Лазаров, по завршување на оваа сезона треба да стави крај на својата кариера, во составот ќе нема ниту Филип Миркуловски, па двајцата ќе бидат само со една улога, а тоа е стручниот штаб. Првиот е селектор, додека вториот помошник.
ТЕРМИНИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП
- РУНДА 1: 12/13 Октомври 2022
- РУНДА 2: 15/16 Октомври 2022
- РУНДА 3: 8/9 Март 2023
- РУНДА 4: 11/12 Март 2023
- РУНДА 5: 26/27 Април 2023
- РУНДА 6: 30 април 2023
СИТЕ ГРУПИ
Група 1: Португалија, Македонија, Турција, Луксембург.
Група 2: Норвешка, Србија, Словачка, Финска.
Група 3: Исланд,Чешка, Израел, Естонија.
Група 4: Австрија, Украина, Романија, Ф.Острови.
Група 5: Хрватска, Холандија, Грција, Белгија.
Група 6: Унгарија, Швајцарија, Литванија, Грузија.
Група 7: Словенија, Црна Гора, Босна, Косово.
Група 8: Франција, Полска, Летонија, Италија.
Првите две репрезентации од секоја група и и најдобрите три третопласирани селекции ќе обезбедат место на континенталното натпреварување кое ќе се игра во пет градови: Минхен, Берлин, Манхајм, Хановер, Келн и Диселдорф.
Шпанија, Германија, Данска и Шведска ќе им се приклучат на 20 селекции кои преку квалификации ќе обезбедат место на ЕП 2024.