Стоилов не ја губи вербата: Можеби изгледа невозможно, имаме уште една шанса!

238

Вардар 1961 со осум гола негатива ќе патува на реваншот во Веспрем, откако на домашен терен беше поразен со убедливи 22-30. Ракометарите на македонскиот првак одиграа добро само 20-тина минути, по кои му дозволија на унгарскиот тим да зеде залет и да доминира на теренот.

Капитенот Стојанче Стоилов не ја губи вербата, вели дека ова е ракомет и се е можно.

„Честитки до Веспрем. Победија на местото каде што е тешко да се оствари тоа. Игравме добро само 15 минути, по што голманите почнаа да баранат. Имавме конфузија во нападот, како да ја изгубивме самодовербата. Беа фаворити на оваа средба, не можевме да ги изненадиме на домашен терен, но ова е ракомет, имаме уште една шанса таму, можеби изгледа невозможно, се може да се случи. Се надевам дека таму ќе одиграме подобар меч“, изјави Стоилов. 

ПретходноВеспрем го демолираше Вардар во првиот 1/8 финален дуел (ФОТО)
СледноЛазаров: Мораме да бидеме задоволни, но истовремено и внимателни