Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш дефинтивно со своите игри во дресот на Манчестер Јунајтед го заслужи новиот договор кој му е понуден. Истиот е со траење до 2027 година што значи дека дефинтиивно зенитот од својата кариера, овој екстра квалитетен напаѓач ќе го мине на Олд Трафорд.
Англиските медиуми велат дека договорот е веќе постигнат и дека само се чека официјална промоција на новата соработка.
Фернандеш пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020 година од Спортинг ЛИсабон и досега одигра 78 мечеви и постигна 35 гола за клубот.