По поразот од Шкендија во минатото коло, одбојкарите на Вардар им се вратија на победите. Во рамките на 7. коло од втората фаза на првенството, скопските „црвено-црни“ обезбедија победа на дуелот со Универзитет во тетово од 3:1 во сетови и останаа во битка за едно од првите три места на табелата.
Доминацијата на Струмица продолжи и во Тетово, каде со максимални 3:0 беше совладана амбициозната Шкендија. Во последниот меч од групата за освојување на титулата, видовме пет сета и тешка победа на Лирија на гостувањето кај Борец од 3:2.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (7. коло)
Шкендија – Струмица 47&72 0:3 (15:25, 19:25, 15:25)
Вардар – Универзитет во Тетово 3:1 (25:16, 17:25, 25:20, 25:20)
ГОК Борец – Лирија 2:3 (11:25, 25:18, 22:25, 25:20, 14:16)
Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (7. коло)
Весна Пробиштип – Штип УГД 3:0 (25:12, 25:15, 25:19)
Јанта волеј – Македонија Џио 3:0 (25:13, 25:15, 25:18)
***Слободна е екипата на Дибра волеј