Марка ги објави најплатените фудбалери во светот

258

Денешниот број на шпанска Марка издвојува посебен текст во кој ги објавува дваесетте најдобро платени фудбалери во светот.

Нормално сите играат во најголемите светски клубови, а на чело е Нејмар од ПСЖ, кој на годишно ниво заработува 48.996.000 бруто плата. Следен на листата е неговиот соиграч Лионел Меси со  40.5 милиони, но и екстра бонус од 30 милиони на крајот од сезоната на име на лојалност на клубот.

На трето место е во моментов најомразениот лик во светскиот фудбал во името на Герет Бејл кој во 2016 година направи трансфер во Реал Мадрид, и го потпиша тогаш нестварниот договор во вредност од 34 милиони евра по сезона.

Кристијано Роналдо е само четврти со своите 31.650.000 евра годишно, а Ентони Гризман и уште едно големо разочарување на Реал Мадрид, Еден Азар, имаат „цирка“ од 30 милиони за 12 месеци. Сите овие суми се бруто примања пред да бидат оданочени во зависност од државата.

 

ПретходноДалиќ и Пикси: Само да не се паднеме меѓу себе (ВИДЕО)
СледноЛавот Адеми: Горди сме на еуфоријата која им ја овозможивме на нашите фанови…