Познат списокот на Вардар 1961 за дуелот со Веспрем

195

Вардар 1961 денеска на домашен терен ја почнува битката за место во четвртфиналето во Лигата на шампиони. На патот на македонскиот првак стои Веспрем, кој е апсолутен фаворит.

Џокерот на „црвено-црните“ покрај верните фанови, се очекува да биде Давид Дејвис, некогашниот стратег на унгарскиот тим. Шпанецот добо го познава тимот, па се очекува денеска неговите момци на дело да го спроведат договореното за да Вардар дојде до посакуван резултат – победа пред реваншот во Веспрем.

Дејвис го одбра тимот за оваа средба, тој на располагање ќе ги има сите ракометари.


Во составот на Веспрем го нема и натаму Дејан Мансков, кој се рехабилитира по повредата. Иако беа на листата на повредени Мате Лекаи и Расмус Лауг, сепак тие се во составот на Момир Илиќ за денешната пресметка, која е закажан со почеток во 18:45 часот.

ПретходноШабан Себадин стана МИЛИОНЕР СО ЏЕКПОТ вреден 1.757.535. денари
СледноРакометна Битола на нозе: За еден час распродадени билетите за Нексе