Една поинаква слика во СЦ „Јане Сандански“ за разлика од минатата сезона, барем во првите 20. минути. Вардар лавовски се бори против фаворитот Веспрем во рамките на првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони, но дозволи да падне, па на одморот е 11-15.
Филип Талески со шест гола е прв стрелец кај Вардар, Томовски има пет одбрани.
Веспрем отвори со 0-2, па брзо влезе во криза. На другата страна македонскиот првак одговори со серија од 4-0, предводен од Талески и Дибиров поведе со 4-2 во седмата минута. Унгарскиот тим третиот гол го постигна после осум минути, Коралес двапати го спречи домашниот тим да доде на плус три. Талески и Дибиров продолжија да го предводат Вардар и да одржуваат предност, која во 13. минута беше 6-3.
Момир Илиќ повика тајм-аут, неговиот тим дојде на 6-5. На листата на стрелци се придодаде Георгиевски. Битката продолжи, Томовски влезе во серија на одбрани, Вардар одржуваше предност од два гола, имаше шанса за нови плус три, но не искористи.
Стигна казната, Веспрем успеа да ја стабилизира играта, дојде на 9-11 во 27 минута. Талески го прекина постот на Вардар од шест минути без погодок (10-11), но унгарскиот тим не застана, дојде на плус три со голот на Македа (10-13). По новите 11-14, Дибиров промаши пенал, гостите погодија за 11-15.
Вардар мора да се реорганизира доколку сака да дојде до добар резултат.