Првиот човек на ПСЖ жестоко до Перез: Луѓето умираат во Украина, а ние се бориме за Супер-лига

259

Иако првиот обид за формирање на Супер-лигата заврши неславно и траеше само два дена, сепак претседателите на Реал, Барселона и Јувентус, не се откажуваат од идејата за ова натпреварување.

„Мразам да кажам Супер-лига затоа што зборуваме за три клуба. Тие се свесни дека од тоа нема да има ништо. Денес во Украина умираат луѓе, немаат каде да спијат, а ние се бориме за Супер-лига. Нивниот проблем е тоа што немаат финансиска стабилност, немаат долгорочна финансиска визија, постојано зборуваат за правен договор. Забораваат дека фудбалот е заеднички договор, а не правен“, изјави првиот човек на ЕЦА и ПСЖ.

Тој откри дека можел да прифати чек од 400 милиони евра кој му го понудиле пред година дена, а потоа тврделе дека не го контактирале.

„Можев да прифатам чек од 400 милиони евра. Ги одбив, по што изјавија дека не ме контактирале. Да мислев на себе, можев да ја прифатам понудата особено во време на Ковид. Но што ќе биде со навивачите кои ги претставуваме?“.

ПретходноПо 40 години: Формула 1 ќе се вози низ улиците на Лас Вегас
СледноСтоилов суспендиран еден меч, Вардар ќе плати 60.000 денари за слаба организација!