Само уште три слободни места за настап на СП во Катар 2022

278

29 од 32-те селекции кои ќе играат на Светското првенство во Катар и официјално се познати. Меѓу европските репрезентации на СП 2022 ќе бидат Англија, Белгија, Германија, Данска, Шпанија, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Франција, Хрватска и Швајцарија, а списокот на учесници се дополни и со дел од селекциите од останатите континенти.

Од Јужна Америка пласман на Мундијалот оваа зима обезбедија Аргентина, Бразил, Еквадор, Уругвај, а од Африка: Гана, Мароко, Сенегал, Камерун и Тунис.

Иран, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Јапонија се селекциите кои ќе ја преставуваат Азија на Мундијалот, додека од Северна Америка за Катар ќе патуваат Канада, САД, Мексико.

Ждрепката за последната фаза на Светското првенство ќе се одржи во Доха на 1 април. Завршниот турнир на Светското првенство ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември.

ПретходноСитуацијата со Озил станува се потешка, се огласи неговиот менаџер
СледноДалас и Дончиќ си го потврдија местото во плеј-офот (ВИДЕО)