Серхио Агуеро: Можеби ќе се вратам…

113

Дали Серхио Агуеро тргнува по стапките на Кристијан Ериксен? Имено Аргентинецот кој веќе неколку месеци е во фудбалска пензија поради проблеми со срцето, сега најавува дека можеи ќе му се врати на фудбалот…

Деновиве ми падна на памет дека можам да се вратам на фудбалот. Докторите ми препорачаа половина година да немам никакви физички активности, но сега почнав да размислувам да се вратам на тренинзите и на терените“ вели Агуеро.

Секако дека ќе биде прекрасно за да и Агуеро, како и Ериксен, се врати на фудбалот.

Да потсетиме дека во летниот преоден рок Аргентинецот направи трансфер од Сити во Барселона, но есенва имаше проблеми со срцето и по препорака на докторите тој мораше да ја заврши предвреме кариерата.

ПретходноБруно Фернандеш во Јунајтед до 2027 година
СледноТрадицијата продолжува: По 53-ти пат ИКАС!