Традицијата продолжува: По 53-ти пат ИКАС!

128

И оваа година како и во изминатите 52 години на Календарот на Светската и Европската кајак Федерација во својот стандарден термин на 02-03 Април, повторно се најде Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС. Како и секоја година така и оваа Кајакарската Федерација на Македонија во соработка со Градскиот Кајакарски сојуз како технички организатор го организираат 53- тото издание на нашата најценаета кајакарска манифестација, Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2022. Илинденскиот кајак слалом како симбол на кајак спортот во Град Скопје, Република Македонија и пошироко во Европа, во сите свои досегашни изданиа има угостени Олимписки , Светски и Европски шампиони , а патеката Матка во изминатите 18 години беше домаќин на 4 Европски првенства во кајак слалом и спуст, a воедно во периодот од 2014 до 2019 година беше домаќин на едно од шесте кола од Европскиот куп во спуст. Самото ова покажува зашто оваа патека се смета за една од најубавите природни патеки во Европа.

Натпреварите се предивдени да се оддржат во два натпреварувачки дена 02 Април – квалификации со почеток во 10.00 часот и 03 Април со почеток во 10.30 часот – полуфинални и финални натпревари. Натпреварувачите се веќе пристигнати и во текот на цела оваа недела обавуваат по два тренинга дневно на патеката во Спортско рекреативниот центар Матка. На натпреварите ќе се појават 40 натпреварувачи од 6 земји : Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово. Дел од нив се нашиот најдобар натпреварувач Ангел Петрушев победник на минатогодишниот ИКАС, Ѓорѓевиќ Марко – Србија минатогодишен освојувач на сребрениот медал, Лоранд Гјоши кои минатата година се натпреваруваше за репрезентацијата на Италија , а оваа година ќе ги брани боите на Косово – освојувач на бронзениот медал изминатата година, Мачкиќ Душан – Босна и Херцеговина минатогод дишен финалист , Зисекас Панајотис – Грција, Јефтиќ Милош, Димитријевиќ Огњен.

ПретходноСерхио Агуеро: Можеби ќе се вратам…
СледноБарселона му го “краде“ на Реал “сигурното“ засилување! (ВИДЕО)