Уживаше во скопскиот пекол, знае што ги чека: Ќе биде тешко, Вардар има силен тим и полни трибини!

684

Хорхе Македа е еден од оние ракометари кои со Вардар го подигна пехарот во Лигата на шампиони. Шпанскиот репрезентативец во Скопје дојде во 2015 година, остана три години, а потоа се пресели во Пик Сегед.

Во 2017 година го постигна првиот шампионски пехар, беше дел од Ф4 и следната година кога Вардар заврши на четвртото место. Уживаше во поддршката од трибините, па добро знае каква атмосфера ги чека денеска.

„Сакаме да победиме во Скопје. Знаеме дека ќе биде многу тешко, бидејќи Вардар навистина е силен тим и најверојатно ќе има полна сала со навивачи. Не смееме да дозволиме таа атмосфера да не деконцентира. Мора да играме како во Веспрем“, порача Македа.

Дуелот меѓу Вардар 1961 и Веспрем е закажан со почеток во 18:45 часот, билети за истиот се уште има во продажба.

ПретходноЖдрепката за 1/2 финалето од Купот во вторник во ФФМ!
СледноДалиќ и Пикси: Само да не се паднеме меѓу себе (ВИДЕО)