ФИФА суспендираше три земји поради мешање на политиката во фудбалот

3763

Доха е во центарот на вниманието во светот на фудбалот. Во овој катарски град денеска се одржува конгресот на ФИФА, а додека утре ќе биде ждрепката за Светското првенство, чиј домаќин е оваа земја.

На Конгресот на кој се присутни претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Филип Поповски, светската куќа на фудбалот суспендираше три земји.

Поради мешање на политиката во спортот, ФИФА изрече ригорозни казни за Пакистан, Зимбабве и Кенија.

Останува да видиме каква одлука ќе донесе за Иран по инцидентот на домашниот меч со Либан кога на околу 2.000 жени не им беше дозволено да влезат на стадион и да го гледаат мечот. Доколку Иран биде суспендиран, во тој случај прва репрезентација која ќе добие место на Мундијалот би била Италија и покрај тоа што беше елиминирана од Македонија.

ПретходноПрви квалфикации без Лазаров, Македонија ги чека противниците за ЕП 2024!
СледноВо Веспрем признаваат: Во Скопје атмосферата секогаш е посебна, ќе биде тешко