Кога ФИФА дозволи на странските фудбалери да ги напуштат руските и украинските клубови и како слободни играчи да потпишат за други, тоа го искористија многу од нив, а меѓу тие е и бразилскиот интернационалец Тете. По руската инвазија на Украина, Тете „раскина“ со Шахтјор Доњецк и се пресели во Лион. Според пропозициите Тете потпиша договор со крајот на сезоната. За понатаму се зависи од ситуацијата во Украина.
За Тете беа заинтересирани неколку англиски клубови но тие добија забрана да го користат одлуката на ФИФА и да привлечат играчи од украински или руски клубови. Па така Лион победи во трката со останатите за потписот на Тете.
Инаку Тете како 18-годишник потпиша за Шахтјор. Претходно играше за Гремио, а пред почетокот на војната тој имаше 10 гола на 22 меча сезонава.