Украинскиот селектор: Кон Русија треба да изградиме ѕид, не чувствувам лутина, туку омраза

227

Олександр Петраков, селекторот на Украина даде интервју за „Гардијан“ од својот дом во Киев, кој не сака да го напушти. Неговата репрезентација требаше да се бори за пласман на СП во јуни, но дали ќе успее ќе видиме.

Во оваа земја се е прекинато кога станува збор за спортот. Подготовките за дуелот против Шведска, ќе бидат надвор од Украина. Победникот оваа средба ќе игра против Велс за место во Катар.

„Ако тренираме во тој дел од земјата, непријателот може да не гранатира, тоа се луѓе без принципи и морал, не сакаме да го ризикуваме живтот на нашите играчи. Затоа сакаме кампот да биде надвор од Украина, можеби Англија. Би можеле на Вембли да играме против Берн, Јунајтед, Сити или Арсенал, а целиот приход да го донираме за Украина. Мислам дека тоа е добра идеја, меѓу другото и добро ќе се подготвиме за квалификациите. Без тест меч тешко ќе играме против Шведска“.

Тој во интервјуто зборуваше и за Русите.

„Семејството ме убедуваше да одиме со нив, но јас не сакав. Како можев? Јас сум од Киев, ова е мојот град и не можев да избегам додека другите го бранеа. Ако дојдат во градот, ќе ја земам пушката и ќе се тепам. Имам 64 години, но мислам дека можам да убијам двајца или тројца непријатели“, рече Петраков и додаде:

„Во моментов чувствувам омраза само кон Русите. Не лутина туку омраза затоа што овие луѓе ја нападнаа нашата земја. Ќе треба време да се смират емоциите, но засега чувствувам само омраза. Се надевам дека нема да играме против Русија во мојот живот. Не сакам да се ракувам со нив. Кон Русија треба да изградиме ѕид и да направиме се што можеме за да немаме повеќе врска со нив“. 

ПретходноКралицата Елизабета го изненадила Ериксон со изборот на омилен фудбалер
СледноМарио Станковски: Работнички на секој меч, па и против Струга ТЛ оди на победа!