Бруно Фернандеш и официјално во Јунајтед до 2026 година

102

Вчерашните информации кои се појавија во јавноста во Англија, денеска добија и официјална потврда. Бруно Ферандеш го потпиша новиот договор со тимот на Манчестер Јунајтед со што тој останува верен на клубот минимум до 2026 година. Во новиот дил стои дека истиот може да биде продолжен на уште една година доколку двете страни се согласат на тоа.
Фернандеш според новопотпишаната соработка, ќе заработува 240.000 фунти неделно.

„Од моментот кога дојдов во Манчестер Јунајтед, имам посебен однос со клубот и нашите неверојатни навивачи. Пораснав гледајќи ги натпреварите на Манчестер Јунајтед и сонувам еден ден да добијам шанса да играм овде. Овој сон веќе се остварува и за мене е голема чест. Вистинска привилегија е да се носи дресот со овој грб. Најмногу сакаме на навивачите да им го дадеме успехот што го заслужуваат. Најдоброто допрва доаѓа“, изјави Фернандеш за официјалната страница на Манчестер Јунајтед.

ПретходноСити му дозволи на пребеган украински интернационалец да тренира со нив
СледноЗнамиња со боите на виножитото во Катар нема да се пожелни