Само неколку часа по ждрепката на групите за СП во Катар, букмејкерите ги објавија своите листи со коефициенти за шансите на репрезентациите да дојдат до светската титула.
Најголем фаворит според букмејкерите е Бразил. Шансите за негова победа се околу 5, а потоа следат Англија и Франција за кои коефициентот да станат шампионие 6,5.
Во ТОП 5 фаворити за мундијалското злато се и Шпанија (9.00) и Аргентина (10.00). Најмалку шанси да бидат светски шампиони им се даваат на Австралија и Нов Зеланд, кои засега се уште немаат потврдено ниту настап на Мундијалот, бидејќи треба да играат баражи.