Конечно малку добри вести за сите во Реал Мадрид, барем што се однесува до здравственио билтен. Имено се знае дека утре против Селта тимот на Реал Мадри нема да биде воден од Карло Анчелоти поради Ковид-19, но затоа се враќа Карим Бензема. Французинот го одработи денешниот тренинг без проблеми и утре најверојатно ќе биде во составот. Уште поважно е што Бензема ќе биде фит за мечот со Челзи во Лигата на Шампионите наредната недела.