Женскиот фудбал е се попопуларен, а наскоро ќе биде соборен и апсолутниот рекорд по посетеност на машките европски првенства. Женското ЕП во Англија ќе се одигра летоска од 6 до 31 јули, а веќе се продадени повеќе влезници од претходното рекордно женско ЕУРО 2017 во Холандија кога беа продадени 240.000 влезници.
Финалето на ЕП на „Вембли“ се продале за само 43 минути иако се пуштени во продажба во понеделникот и тоа 100 дена пред почетокот на шампионатот. Тоа значи дека на „Вембли“ ќе има 90.000 навивачи што ќе биде рекорд не само во женскиот фудбал туку ќе биде и во финалињата во машкиот фудбал односно ќе го засени рекордното финале од ЕП 1964 помеѓу Шпанија и СССР 2:1.