„Исчезна“ синот на Дрогба

840

Исак Дрогба, синот на некогашниот напаѓач на Челзи Дидие Дрогба ја напушти португалска Академика од Коимбра и го нема веќе подолго време. Ниту се јавува ниту шефовите можат да го најдат. Иако 21-годишниот Исак е под договор со португалскиот второлигаш, го нема од јануари. Тоа што се знае е дека младиот Дрогба во јануари барал од клубот да го пуштат во Франција да полага испити. Од тогаш никој го нема видено во клубот, а ни тренерот ни соиграчите не знаат што му се случило.
Дрогба ниту се појавил на закажаниот термин, ниту им се јавил.
Тој е брз, забавен и технички талентиран играч, меѓутоа треба да порасне. Имавме договорено датум кога мора да се врати во клубот, а тој не се појави. Рече дека имал испити за полагање во Франција и замина. Толку знаеме. Ниту ни се јави, ниту можеме да го најдеме. Отиде и не знаеме дали воопшто ќе се врати“, изјави тренерот н младинскиот тим Мигел Карваљо.
Инаку Исак Дрогба почнал во младинскиот тим на Челзи каде што играше татко му, потоа во Генган од Франција, а во септември 2021 потпишал за Академика.

ПретходноЈанис му пресуди на Бруклин, Дерозан погодуваше за историја
СледноЖенското фудбалско финале на ЕП ќе го урне рекордот на машките шампионати