Ник Кирјиос е казнет со 35.000 долари од Здружението на тениски професионалци (АТП) за расправија со судијата Карлос Бернардес за време на осминафиналето на Мајами опен, во кое беше поразен од Италијанецот Синер. Поради своето однесување, австралискиот тенисер заработи казнен поен во тај-брејкот од првиот сет, а потоа и казнен гејм.
АТП објави дека Кирјиос е казнет со 5.000 долари за пцовки, 10.000 долари за неспортско однесување и уште 20.000 долари за вербално вознемирување. По натпреварот, Австралиецот продолжи да го критикува главниот судија Бернардес.
Пред само две недели, на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс, Австралиецот имаше испади и на четвртфиналниот меч против Рафаел Надал, поради што беше казнет со 25.000 долари, но по мечот се извини.