Свен Горан Ериксон пред три години се повлече од светот на фудбалот, откако ја напушти клупата на репрезентацијата на Филипини. 74-годишниот Швеѓанин тренираше голем број на европски клубови, како и неколку репрезентации.
Тој се присети на времето додека беше селектор Англија, поточно кога добил покана да ја запознае кралицата Елизабета II.Ја прашал кој е нејзиниот омилен фудбалер, а таа го изненадила со својот одговор.
„Тогаш добивме покана за ручек со кралицата. Не имаше околу десетина, ја прашав дали гледа фудбал, откри дека не е некој голем фан. Ја прашав кој е нејзиниот најомилен фудбалер, искрено мислев дека одговорот ќе биде Дејвид Бекам. Во тоа време беше многу популарен, но ме изненади. Ми рече дека Мајкл Овен е нејзиниот омилен фудбалер. Изгледал средено. Ова беше одговор кој не го очекував, но не смеев да коментирам ништо“, се присети Ериксон.