Ракометната репрезентација на Македонија против Португалија, Турција и Луксембург ќе се бори за нов пласман на ЕП. Филип Кузмановски смета дека групата е поволна и верува во учесто на континенталниот собир.
„Ждрепката е поволна, можам да кажам и дека имавме среќа. Добивме ривали против кои можеше да победиме. Сметам дека пласманот на Европското првенство не е доведен во прашање, со Португалија ќе се бориме за прво место. Работиме напорно и посветено за време на собирите, а во октомви сигурен сум дека ќе бидеме уште поподготвени и поквалитетни. Сепак, треба да одиме чекор по чекор и прво да ја минеме пречката наречена Чешка, која што носи учество на СП“.