Дојде и тој ден. Ждрепката за Светското првенство. Вечерва во 18 часот во Доха, главниот град на Катар ќе бидат формирани групите за Мундијалот кој ќе се игра од 21 ноември до 18 декември. Првпат во текот на ждрепката нема да бидат познати сите 32 селекции кога ќе се влечат топчињата, затоа што 29 селекции засега се сигурни, а останатите ќе бидат познати по одигрувањето на баражите.
За жал Македонија нема да ја гледаме на Мундијалот по оној пораз од Португалија во финалниот бараж.
ПРВ ШЕШИР: Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и Португалија
ВТОР ШЕШИР: Холандија, Германија, Данска, Швајцарија, Уругвај, Хрватска, Мексико, САД
ТРЕТ ШЕШИР: Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Србија, Полска, Јужна Кореја, Тунис
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Канада, Камерун, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана, Костарика – Соломонски Острови/Нов Зеланд*, Перу – Австралија/ОАЕ*, Велс – Украина/Шкотска *
* Во баражите Костарика ќе игра со подобриот од Нов Зеланд и Соломонски Острови потоа Перу против подобриот од Австралија – ОАЕ, а Велс со подобриот од Украина-Шкотска. Тие мечеви највароатно ќе се играат во јуни
Пропозиции
32-те репрезентации ќе бидат распоредени во осум групи. Тие се распоредени во четири шешири на основа на мартовската ФИФА ранг листа. Седумте најдобро рангирани репрезентации, заедно со домаќинот Катар се носители.
Во една група ќе биде по една или најмногу две европски селекции, а по една од другите континенти.
Brazil 🇧🇷 return to the 🔝, five years after they were last there.
The March 2022 table is not only a new chapter in rankings history, but it will be used to calculate the seeds for tomorrow’s FIFA #WorldCup Qatar 2022 Final Draw.
— FIFA.com (@FIFAcom) March 31, 2022