На Инфантино му се плаче поради Македонија

4878

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино изјави дека му се плаче поради тоа што Италија изгуби од Македонија во баражот и втор пат по ред нема да игра на Светските првенства. Италија, која е актуелен европски и поранешен повеќекратен светски шампион беше поразена во баражот од македонската репрезентација и после пропуштеното СП 2018, не се пласира ни на СП 2022.
Искрено, ми се плаче. Жал ми е за Италијанците, втор пат по ред нема да играат на Светско првенство. Ако се пласираат на следниот Мундијал, тоа пак ќе биде период од 12 години без настап на СП“, вели Инфантино.

Италија четири пати била светски првак, втора најуспешна по Бразил.
Се сеќавам кога бев дете, со емоции ги гледав СП 1978 и 1982. Поради вакви работи се засакува фудбалот. Жал ми е поради италијанските деца, но таква е ситуацијата, само 32 репрезентации, засега, можат да играат на СП секои четири години“, кажа Инфантино на конгресот на ФИФА во Доха.
ФИФА размислува за проширување на бројот на учесници на СП во иднина.

ПретходноЖенското фудбалско финале на ЕП ќе го урне рекордот на машките шампионати
Следно„Потпишете дека не го поддржувате Путин, па можете да се натпреварувате во Британија“