Искусниот чувар на мрежата на германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер даде изјава за групата во која се најде неговата репрезентација на СП во Катар. Германците повторно ќе имаат дуел со Шпанија, која не им е во добро сеќавање од оној последен меч во Лигата на нации во 2020 година.
Во последниот натпревар Шпанија ја совлада Германија со 6-0 во Лигата на нации во ноември 2020 година.
„Очигледно беше дека ќе добиеме силен противник од првиот шешир. Имаме негативни спомени од Шпанија, но тоа нема да ни се случи двапати. Решени сме да имаме успешен турнир“, изјави капитенот на германската репрезентација.