Олимпијакос го урна лидерот во Евролига

61

Олимпијакос со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролига. Грчкиот тим на домашен терен го совлада лидерот Барселона со 73-66.

Домаќинот по првото полувреме имаше негатива од седум поени (33-40), по што благодарение на одличната игра во третата четвртина во која даде 18 поени, а прими само осум успеа да направи пресврт и да дојде до триумф. Мекисик со 20 поени беше најдобар лидер кај Олимпијакос, кај Барселона, Санли имаше 13 поени.

На останатите средби Анадолу Ефес ја оправда фаворитската улога против Алба Берлин славеше со 87-77, додека пак Басконија на домашен терен беше подобра од Жалгирис со 96-79. На последната средба Баерн беше убедлив против Црвена Звезда со 82-57.

ПретходноДобри вести за Реал: Бензема во тимот на “кралевите“ против Селта!
СледноАлкараз е тениско чудо: Тинејџерот го преслуша и Хуркач за финале во Мајами