Во финалето на женскиот турнир во Мајами ќе играат Наоми Осака и Ига Швјонтек. Во полуфиналињата Осака со пресврт ја совлада Белинда Бенчиќ со 4:6, 6:3, 6:4 и по подолго време ќе игра финале после оние психолошки проблеми што ги имаше, а Швјонтек, која од понеделник ќе биде прва тенисерка на светот, ја елиминира Џесика Пегула со 6:2, 7:5.
Во машкиот дел од турнирот познати се полуфиналистите. Шпанецот Карлос Алкарас ќе игра против Хуберт Хуркач од Полска кој го елиминира Медведев. А Алкарас оваа година има 16 победи на 18 мечеви што е импресивен ефект и само Надал има подобар ефект од него.
Во другото полуфинале ќе играат Норвежанецот Каспер Руд и Аргентинецот Франциско Серундоло.