Христо Стоичков, легендарниот фудбалер на ЦСКА Софија и Барселона, најдобриот фудбалер во историјата на Бугарија, секогаш го привлекува вниманието, каде и да оди, за кого да дава интервју. Инаку Стоичков е голем пријател на Македонија, често знае да дојде во Скопје каде што има многу пријатели.
Инаку тој денеска за медиумите во Хрватска, говореше на повеќе теми, а на прашањето кој е најдобар фудбалер во историјата на Балканот, Стоичков не размислуваше и веднаш одговори, а списокот од седумина најдобри го започна со нашиот Дарко Панчев…
“Најдобри без двоумење според мене се Дарко Панчев, Дејан Савичевиќ, Предраг Мијатовиќ, Давор Шукер, Ален Бошиќ, Георге Попеску и Георге Хаџи“.. посочи Стоичков.
Интересно меѓу најдобрите тој не стави ниту еден негов сонародник од Бугарија.