Калум Хадсон Одои сериозно размислува да ги промени националните бои и во иднина да настапува за репрезентацијата на Гана. Иако досега тој беше дел од селекцијата на Англија, како во младинските категории, така и на сениорско ниво, сепак, Одои многу веројатно на Мундијалот во Катар ќе го видиме во дресот на Гана.
Тој и неговото семејство потекнуваат од оваа земја, а ФИФА дозволува промена на спортскиот пасош, доколку до 21. година старост на играчот тој нема повеќе од три настапи за една репрезентација.
Истото најверојатно ќе го стори и дефанзивецот на Брајтон, Тарик Лампти.