Хари Кејн избран за играч на месецот во Премиер – лигата, Артета за најдобар тренер!

43

Хари Кејн е прогласен за играч на месецот во Премиер – лигата. Напаачот на Тотенхем и репрезентацијата на Англија играше во одлична форма во март месец. Тимот од Лондон имаше три победи во четирите одиграни во минатиот месец. Инаку ова за Хари Кејн е седмипат да биде прогласуван за играч на месецот со што го достигна рекордот на Серхиу Агуеро од времето кога играше за Манчестер Сити.

Инаку за најдобар тренер за месец март е избран Микел Артета, стратегот на Арсенал. Тој со неговиот тим славеше против Ватфорд, Лестер и Астон Вила, а загуби само од Ливерпул.

ПретходноСП Катар: Ла`ееб, официјалната маскота на Мундијалот! (ВИДЕО)
СледноСП Катар: Бразил со Србија, Швајцарија и Камерун во групата Г, Германија со Шпанија…