Јанис му пресуди на Бруклин, Дерозан погодуваше за историја

165

Кошаркарите на Милвоки Бакс го совладаа во гости Бруклин со 120:119 по продолженијата. Минатогодишните финалисти на Истокот повторно одиграа фантастичен меч кој беше решен во последните секунди од продолжението.
На 30 секунди до крајот на регуларниот дел Бруклин влезе со три поени предност, сепак, следуваше тројка на маестралниот Јанис со што се отиде во продолжение. А таму Милвоки водеше со 117:113, а потоа на само девет секунди пред крајот Бруклин со поените на Дурент од слободни фрлања да сврти на 119:118.
Сепак, Јанис беше фаулиран на три секунди до крајот, ги погоди двете слободни фрлања и ја врати предноста на актуелниот шампион. Во наредниот брз напад Дурент шутна но промаши.
Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 44 поени и 14 скокови, а помош имаше од Холидеј кој постигна 19 поени. Кај Бруклин се истакна Дурент со 26, а Ирвинг даде 25.
Милвоки со 48 победи и 38 порази е втор на Истокот, а Бруклин е десетти со скор 40-37.

Чикаго ги победи Л.А. Клиперс по продолженијата со 135:130, а Демир Дерозан е главниот „виновник“ што оваа НБА сезона влезе во историјата. Имено, Дерозан стана 14. играч оваа сезона кој на еден меч постигнал 50+ поени, воедно и шестиот играч на Чикаго на кого му успеало тоа.
Малку недостасуваше да биде и трагичар бидејќи го промаши слободното фрлање во регуларниот дел за победа. Остана 118:118, а во продолжението Чикаго успеа да победи.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Филаделфија 102:94
Атланта – Кливленд 131:107
Бруклин – Милвоки 119:120 по продолженија
Чикаго – Л.А. Клиперс 135:130
Јута – Л.А. Лејкерс 122:109

ПретходноПројковска го судеше мечот Волфсбург – Арсенал во ЛШ
Следно„Исчезна“ синот на Дрогба