Веќе во среда се играат мечевите од 26.коло, а Брегалница повторно треба да биде домаќин, но сега на Работнички. В недела “сините“ ќе ја пречекаат Ренова на ФФМ во Скопје, а во среда ќе бидат домаќини во Прилеп на стадионот “Гоце Делчев“. Изгледа дека штипјани решиле да ја “шетаат“ Македонија. Прашање е зошто среде сезона го реконструираат теренот и што со сезонските билети кои фановите на Брегалница ги имаат купено за мечевите на овој тим како домаќин, но за во Штип а не за во Скопје или Прилеп.
Дали раководството на клубот ќе им ги врати парите на тие што купиле вакви билети?