Некогашниот француски шампион Бордо сезонава падна на најниско ниво. Освен што му се заканува испаѓање во понизок ранг, владее незадоволство во екипата, тренерски смени, навивачите пред неколку недели се обидоа физички да се пресметаат со некои играчи, а тука се и финансиските проблеми па не чуди и слабиот пласман и катастрофалните резултати.
Згора на тоа и фудбалерите го рушат реномето на шесткратниот француски првак, поранешен клуб на славните Зинедин Зидан, Алан Жирес, Бернард Лакомб, Педро Паулета, Жан Тигана, Криштоф Дугари…
Од Франција пристигнува вест дека млад фудбалер на Бордо ги крадел копачките на соиграчите во соблекувалната и потоа ги препродавал на интернет сајтови. За откривање на ова се погрижил неговата поранешна девојка чие име не е соопштено, како и името на фудбалерот исто така не е соопштено.
Раководството донело одлука да го казни крадецот парично и да го отстрани од тимот за еден натпревар. Но тоа не им се допаднало на соиграчите кои бараат тој да биде тргнат од клубот.